ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНА БИТОЛА ПОБАРАЛА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДРВОТО ОД ТРОТОАРОТ

За пресеченото дрво на улицата „Партизанска“ во Битола има реакција од јавноста.

Се вели дека ова овде беше зимзелено дрво, бор, не беше разболено и не претставуваше никаква опасност за околината. А, спомените велат дека зградата и  тротоарот се направени 1976 година.

Оставен бил борот да ја краси околината и  да го филтрира воздухот.

Во реакцијата стои дека сега, после толку години, поради реновирањето на тротоарите, борот е пресечен како да беше обична пенушка и се повикува на одговорност.

Од јавното претпријатие „Комуналец“ Битола ни рекоа дека отстранувањето е по барање на Општина Битола заради проектот за изградба на велосипедските патеки.