„Правилното управување со ВештачкатаИинтелигенција ( ВИ ) е еден од најзначајните предизвици на нашето време, кој бара заедничко учење врз основа на лекциите и добрите практики што произлегуваат од различните јурисдикции низ целиот свет.“ Токму затоа денеска во рамките на саемот на кариера, ФИКТ организираше панел дискусија на тема „Етика во вештачката интелигенција“.

Со се поголемата употреба на Вештачката интелигенција во секој од општествените сегменти и секојдневието на современиот човек од 21 век, Етиката во вештачката интелигенција е се позачестена тема на која светот дискутира, заради потребата да се направат правила. Правила кои човекот како креатор и корисник на современата алатка треба да ги програмира, да ги вметне во вештачката интелигенција и да да се придржува до нив како корисник.

„Одлуките што ги носи ВИ, или системите коишто користат вештачка интелигенција започнуваат да влијаат на човечките животи. Меѓутоа не само на животот, туку влијаат и врз општеството, може да влијаат нејзината злоупотреба, повторно врз човечките живот или материјална некаква штета или пак врз репутацијата на бизнисите. “ – рече денеска проф. Д-р Костандина Вељановска.
Засега нема регулатива има само препораки, вели професорката , а некои организации, како Европскиот парламент , СЗО, УНЕСКО, и Националниот Институт за стандарди и технологии на САД се обидуваат да воспостават некакви принципи или правила на етичко однесување. ФИКТ и универзитетот Св. Климент Охридски се вбројува во институциите кои се движат во таа насока.

„Универзитетот Св. Клименто Охридски од Битола е меѓу првите универзитети којшто донесе Декларација за етичко користење на алатки за генеративна вештачка интелигенција, донесе исто така и насоки за етичко користење на Генеративната Вештачка Интелигенција и во етичкиот кодекс се ставени насоките и делот од етичкото користење на ВИ. Во етичкиот кодекс и во делот на Декларацијата што е за етичко користење на генеративната ВИ укажано е дека сите вработени, наставници на Универзитеотот, студенти, сите со афилијација на универзитетот, дека се задолжени, задолжително треба да наведат во трудовите доколку користеле некоја алатка за ГВИ дека ја користеле, освен секако за јазично подобрување коешто секојдневно се користи. “ – информираше денеска деканот на ФГИКТ, проф. Д-р Благој Ристевски.

Пораката во услови кога човекот се обидува да стави ред во својата креација е одговорно пристапување, етичко користење, вели Анета Трајковска, докторанд на ФИКТ која во моментов прави истражуавања на темата.
„Ние треба внимателно да пристапуваме кон користењето на овие алатки бидејќи не е секогаш најдобро решение да се добие п-рецизно и брзо решение. Меѓутоа треба да се види како ќе влијае тоа решение во однос на тоа како ќе влијае врз иднината на човекот, како влијае врз поранешните генерации.“ – вели таа.

Зошто, може или не може ….
Препораките се насока кон одговорност, транспарентност, суштинско запазување на моралните начела како што е разликување на добро и правилно од лошо и неправилно.
„Се работи за морални начела коишто во различни делови од светот се различни , различна култура, религија и тука сега доаѓа во предвид да се земе државата во којашто е креиран тој систем за ВИ. Значи, едни правила би важеле на далечниот исток во Кина, други правила би важеле во САД. И токму тука треба да се направи некој баланс. Во суштина да, тоа што е и главната задача на вештачката интелигенција да го имитира интелигентното однесување кај човекот, сега се обидуваме на некој начин да таквите системи го имитираат моралното однесување кај човекот. “ – вели проф. Д-р Костандина Вељановска.

Управувањето со вештачката интелигенција е важна тема којашто во светот и кај нас треба заеднички да ја уредат сите – академиците, приватниот сектор, граѓанското општество и, креаторите на политики, популарно наречени политичари.












