ТЕРА

REKLAMA???

КЛЕКОВСКИ ЗА АКЦЕЛЕРАТОРОТ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

За ревизијата за искористеност, односно неискористената на современата медицинска опрема, што ја објави Државниот завод за ревизија, во Битола беше прашан директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

„Во основа тоа е дел од пробемот за непланска работа на опрема години наназад, значи не станува збор за опрема набавена сега, туку зборуваме за акцелераторите кои што се набавена пред десет години па наваму, на непланско набавување на опрема, а без тоа да се координира со техничките услови за работа и човечките ресурси кои што се неопходни за тој процес. Најбанален е примерот во Штип каде што е купен акцелератор, а нема бункер за тој акцелератор и тој се уште е во царинските складишта. Она што се обидуваме да го направиме како промена сега, е дека јасно постои потреба за набавка, исплатливост на наведената потреба, каде ќе биде сместен и кој ќе работи со тие апарати, бидејки бесмислено е да се набавува опрема за која нема каде да се смести и кој да работи со неа“ вели Клековски.

Зборуваше и за акцелераторот во Клиничката болница во Битола.

„Акцелераторот во Битола може да биде ставен во употреба и се работи на тоа. Акцелераторот во болницата „8 септемвери “веќе се работи на ставање на употреба, еден акцелератор на Клиниката за радиологија е веќе ставен во употреба. Ги споменувам акцелераторите бидејќи се тие по цена на чинење од 1,5 до 2 милиони евра и се значајни во оваа ставка на неупотребени апарати. Мислам дека од тој износ што го кажувате сигурно дека повеќе од половина износот е од апарати кои што се набавени пред 10 години, а не се ставени во употреба. Еден од акцелераторите на клиниката за радиологија е веќе ставен во употреба. Тоа е процес кој трае, ставањето во употреба на ваков тип на апарати е најмалку пет до шест месеци, така што се надеваме дека добар дел од таа опрема ќе биде ставена во ред. Во иднина многу подобро планирање на опрема, технички услови, човечки ресурси потребни за таа опера“ рече директорот на Фондот за здравство.