ТЕРА

REKLAMA???

РАМА ПРЕД ЧЕТВРТИ ПРЕМИЕРСКИ МАНДАТ

Излезните анкети од вчерашните парламентарни избори во Албанија говорат за изборен триумф на актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама.

-Социјалистите  освоија 51,8 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети објавени од „Албениан пост“, објави Топ чанел.

Ова ѝ обезбедува на партијата 79 мандати во парламентот со 140 пратеници.

На второто место, според излезните анкети, е коалицијата предводена од главната опозициска партија – Демократската партија (ДП) на Албанија, на поранешниот премиер и претседател Сали Бериша – Коалицијата „Алијанса за величествена Албанија“. Се предвидува дека оваа коалиција освоила 38 проценти од гласовите, што ѝ носи 54 пратенички места.

Претседателот на ЦИК Илирјан Целибаши на прес конференција изјави дека Изборниот процес минал во согласност со сите регулативи.

Тој додаде дека првичните  резултатите од неколкуте општини каде имаше електронско гласање ќе бидат објавени во текот на денешниот ден. Вкупните првични, неофицијални, резултати, додаде, ќе бидат објавени според законските одредби.