Вчера уште рано наутро на едно место, за некои утринска провокација. По неа соопштение за инвестицискиот циклус. 10 милиони евра во образованието од локалната власт, донации, министерството.
Ова го знаете од вчера, а филмот допрва почнува каде дејствието се случува во минатото. Имате време да си направите на пример пуфки, додека телеграфски кажеме што претходеше на она што после не врати во минатото.
Завршните сметки на основните и средните училилишта од Битола за 2024 година, беа дел од вчерашната седница на Советот. Не дека за нив не се зборуваше, туку седницата фати еден друг тек. Ние-вие, беше главното препукувањњето, нема да речеме политички за да не се навредат, оти така си ги мерат, политичките сили особено пред избори.
Фразата пред бројки и боговите молчат, веќе се одомаќини во оваа градска куќа, оти преку нив граѓаните како да се тука ( така вели теоријата за демократијата, гласот на народот, изборната волја и слично ). Можеби делува малку антички тоа со боговите, но впечатокот беше, како нешто што би рекол народот, извадено од нафталин. Тогаш, еднаш, некој, некогаш.
И дојде време за филмот. Да беше кино ќе се спуштеше платното, но е сала на Советот па овде имаме видео бим, светлата го дополнија амбиентот.
А потоа кога се вратија во реалноста започна гласањето за сегашното време. А, што беше со рацете на советниците, односно со оние за кои беше речено дека тешко броеле.
Дали филмот заврши со „хепи енд“ или среќен крај. Зависи за кој како.












