Уште една мачна и тешка ситуација за Битола. И повторно за европски пари. ВМРО ДПМНЕ деновиве со обвинување до СДСМ, Поинаку и Левица дека не гласале за седум европски проекти.
На последната седница на Советот на Општина Битола, на комисиската расправа Бојкоски се обидуваше да им ја објасни ситуацијата со договорот кој е од 2023 година и за кој има пари за општините, вклучително и за битолската.
Николовски од СДСМ бараше да се достави се пред нив да можеле да го разгледаат. Климевски вели дека трагедија било на расправа за толку многу пари да нема претставник од Општината, а Корлевски праша оти чекале досега, а Бојкоски реплицираше дека за се има процедури.
Сам против целата лева страна ги бранеше боите на општината.
„Сега вие се најдовте паметњаковци тука и кажвате неќиме“ им возврати координаторот на ВМРО ДПМНЕ.
Илиевска ги праша дали се смириле.












