ТЕРА

REKLAMA???

„НИЕ ВО МУЗЕЈ“ ВО ХЕРАКЛЕА

НУ „Завод и Музеј“ со серија настани годинава го одбележува 18 мај – денот на музеите. Денеска во рамките на проектот „ние во музеј“  во археолошкиот локалитет хераклеа одржаа едукативна инклузивна работилница за мозаик.

Денеска во Хераклеа бројни туристи, едни од некоја друга земја, други од нашава – ученици од Штип. Сите со голем интерес ја следат приказната на водичите  што ги внесува во древнината, а денеска вниманието на туристите кои, дознаваме, се’ повеќе се присутни во Хераклеа линкестиска го привлече група ученици кои заинтересирано, заиграно ама и фокусирано, сецкаа, лепеа, правеа мозаик.

Тоа денеска се реализираше првата работилница од проектот „Ние во музеј“ на НУ Завод и Музеј што го финансира минстерството за култура.

Ирена им кажуваше и за театарот, акустиката во него, вештината на градежниците, театарската историја стара 2.000 години. Учениците мора да знаат и за Заводот и Музеј како институција, вели наставничката Јованка Трајчевска, која задоволна што се дел од овој настан непосредно пред денот на музеите упати честитка.

Турата на учениците во рамките на работнилницата им започна со водичот Виктор, потоа ги препуштија на искусниот конзерватор за мозаик Тони Николовски.

Само доколку знаеме за нашите предци на територијата, за нивните цивилизациски достигнувања, нивната култура, јазик, општества, што и како граделе, зошто и што е тоа што останало од нив за нас, стигнуваме до сознанието, секој сам за себе, со што и со кого се поистоветува, од каде се црпи идентитетската енергија.

18 мај е меѓународниот ден на музеите, а оваа работилница е еден од настаните со кои битолскиот Музеј го одбележува. Утре во Магазата ќе биде промовирана пристапната патека за лица со физичка попреченост, ќе се одржи интерактивна инклузивна работилница, а в недела , на самиот ден во 20 часот ќе биде отворена изложбата на монети насловена „Приказните за Градиште,с. Црнобуки“.