Времето денеска променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Утринската во Битола околу 4, а дневната до 18 степени.
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.












