Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Ѓоргиевска на прес конференција рече дека и жителите на Лисолај се жртви на негласањето на СДСМ, Поинаку и Левица на седумте проекти во висина од 1 милион евра кои беа одобрени од Европската инвестициона Банка за Општина Битола.
„Жителите на Лисолај остануваат без водоснабдителен систем, затоа што СДСМ, Левица и Поинаку не гласаа и затоа што никогаш не им е приоритет во интересот на граѓаните.
Јавно ги прашуваме, после изгубени европски пари за “Вело-патеките” повторно СДС е против проекти финансирани од ЕУ, дали СДСМ со ваквото однесување се приближува кон омилената дестинацијата на Венко, Дубаи.
1 милион евра од кој требаше аир да видат граѓаните – ќе пропаднат од лоша политика, кратковидост и неспособност да се оддвои важното од неважното.
СДС, Поинаку И Левица граѓаните не ве бираа за да гласате против нив и нивните интереси – немате право да ги жртвувате еден милион евра. Немате право да ги жртвувате граѓаните“ вели советничката Ѓоргиевска.












