ТЕРА

REKLAMA???

НОВАЦИ ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА МЛАДИ ЛИЦА, ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК

Oпштина Новаци објави јавен повик за користење на финансиски средства за субвенционирање на трошоците за  обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија , наменет за млади лица до 26 години, жители на општина Новаци.

Младите до 26 години кои имаат доказ дека се жители на општина Новаци и имаат доказ дека ја поминале автошколата и се подготвени за полагање на возачки испит за возачка дозвола од Б категорија може да поднесат барање за субвенција на парите кои се уплаќаат за чинот на полагање. Осве овие, од документи потребни се уште и копија од лична карта од барателот или еден од родителите и фотокопија на трансакциска сметкам, изјава за користење на лични податоци и потврда издадена од Министерството за внатрешни работи, оддел за граѓански работи , отсек за управни работи издадена врз основа на евиденција за живеалиште, престојувалиште и лични карти дека барателот или родителите имаат пријавено адреса на територијата на општина Новаци.

Јавниот повик трае од денеска 20 мај во следните 90 дена или 3 месеци – се до 20 август.

За тие кои 18 години ќе наполнат по рокот на поднесување на барањето, а за да може да го остварат правото на субвенции треба општина Новаци овозможува поднесување на барање во овие  три месеци, но за да го финализираат своето право на субвенција, тие идни шофери имаат обврска до 1 декември оваа година да посетуваат автошкола и да се стекнат со правото за полагање возачки испит и, да го положат. Тогаш треба да ја поднесат комплетната документација.

Субвенцијата за надомест на дел од трошоците направени за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија е во висина од 10.000 денари.

„Возачката дозвола претставува значаен чекор кон лична и професионална независност.“ – велат од општина Новаци, а со оваа мерка се поддржуваат младите да станат поконкурени на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и мобилност, – чекор што придонесува  кон создавање на поактивна и самостојна младина.“

Повикот е отворен до истек на предвидените средства – принципот „прв дојден, прв услужен”. Документите мора да се достават во архивата на Општината. Јавниот повик и детаљите Општина Новаци ги објави на својата официјална  интернет страна.