ТЕРА

REKLAMA???

БЕЗ ОДЛУКА НА СОВЕТОТ, БИТОЛА НЕМА ДА ДОБИЕ 1 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ

Се појави со предлогот за дополнување на дневниот ред на последната седница за европските пари за проекти за водоводна и канализациона мрежа и Бојкоски предизвика политички турболенции.

По ова ВМРО ДПМНЕ деновиве со обвинување до СДСМ, Поинаку и Левица дека не гласале за седум европски проекти, а со тоа дека голем дел од жителите на конкретните улици биле жртви на неприфакањето од страна на двете партии од левата страна и едната од десната страна во горниот ред.

Преку прес конференции од улиците каде што било планирано да се работи советниците од ВМРО ДПМНЕ кажуваат зошто нема да се работи.

На комисиската расправа советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски се обидуваше да им ја објасни ситуацијата со договорот кој е од 2023 година и за кој има пари за општините, вклучително и за битолската.

Главниот од левата страна, односно координаторот на СДСМ, Петар Николовски бараше да се достави се пред нив да можеле да го разгледаат.

Побаравме одговор од министерството за животна средуна за проектите во општините со средства од Европската инвестициона банка, согласно одлуката од 2023 година, каде за општина Битола предвидени се 1 милиони евра за водоводна и канализациона инфраструктура.

„Банката не дозволува финансирање на проектот во соодветната општина доколку за тоа нема одлука на советот“ потенцирата од министерството.

Од вкупно 80-тина општини на кои им се доделени средства во рамки на проектот „ Подобрување на водната инфраструктура во Македонија ” процедурите на поднесување, одобрување од Банката и подговтовка на тендерската документација имаат извршено 16 општини, од кои три веќе отпочнуваат со реализација на проектите на терен.