Повеќе од 100 вработени во 6 школи за обука на возачи вло Битола и уште толку во околните општини се соочуваат со егзистенцијален проблем поради административните процедури и рокови во кои е заглавен изборот на Испитен центар за возачки дозволи.
Проблемот датира од крајот на минатата година, кога испитниот центар за Битола, кој ги покрива Ресен, Могила, Новаци, Прилеп, Крушево и Македонски Брод, престана со работа.
Од министерството за внатрешни работи, како надлежно министерство, во април годинава објави оглас за избор на првен субјект што ќе добие лиценца за Испитен центар Битола, оглас кој сеуште е во тек. Ова е втор ваков оглас, предхотниот направен веднаш по истекот на лиценцата на претходниот Испитен центар беше неуспешен. Според информациите испратени за медиумите, посебната комисија којашто ги разгледувала овие барањата констатирала дека заинтересираните правни субјекти не ги исполнувале конкурсните барања, односно пропишаните услови утврдени со конкурсот, односно законските и подзаконските нормативи од областа.
Само 10% од потенцијалните 1200 посетители на автошколите годишно се решени да посетуваат автошкола. Така битолчани, патуваат во соседните испитни центри кои, како и територијата на државата, се поделени по региони.
Охридскиот регион е прв за избор, затоа што се помали трошоците. До Охрид има 70 километри. Втор за избор е Велешкиот, кадешто спаѓа и Кичеви и Кавадарци. Во Кавадарци полагале многумина од Битола.
На 30-те илјади денари автошкола, 10-тината до 15 илјади денари дополнителни трошоци, се наврзуваат и трошоците за полагање на теоретскиот и практичниот дел, зголемени за патните трошоци кои кандидатите ги вложуваат за патување до Охрид или Кавадарци.
Секој од Испитните центри имаат и свои правила. Оној во Кавадарци на пример наплаќа по 1.000 денари само за користење на полигонот – трошок кој битолските автошколи го покриваат од сопствениот џеб. За непријатноста да биде поголема мора да се спомене и потребата од придружник со автомобил кој ќе ве однесе на испит за возачка дозвола што ќе го направите на улици кои првпат ги гледате.
Ваквите услови што треба идниот возач да ги исполни ги обезхрабрува сите. А тоа подразбира дека сите кои се заинтересирани да ги посетуваат школите, во очекување на можноста да се полага во сопствениот град, тоа не го прават. Чекаат, да заврши процедурата.
Тоа за автошколите во градот значи таложење на месечните трошоците и предизвик за обезбедување на плата за вработените.
Во меѓувреме општините Битола и Новаци со свои одлуки се обидуваат да им помогнат на граѓаните со субвенција на трошоците за посетување на автошкола, полагање на возачкиот испит. Битола со 6.000 денари, Новаци со 10.000. Но, остварувањето на ова право подразбира завршена работа – посетена школа и положен возачки испит.
Фото: Архива












