ТЕРА

REKLAMA???

„ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“ НА ДАМЈАН ДИМОВСКИ ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО

Комедијата „Чорбаџи Теодос“ вечерва на сцената на НТБ. Разговаравме со режисерот Дамјан Димовски кому ова е дипломска претстава.

Во Скопје во Турско, двајца млади од различни социјални слоеви се вљубуваат, но патријархалното и во основа малограѓански општество е во својот полн ек, а интргите на остроумните некогаш имаат ио позитивен ефект.  Премиерата започнува во 20.00 часот, па го прашавме режисерот Дамјан Димовски како со чувства.

Дамјан Димовски посакува претставата да се игра, да има долг и успешен живот.  Дипломирањето на Драмски е првиот чекор во неговиот професионален живот. Ќе го менува светогледот – својот и на својата публика, затоа што театарот ја има моќта тоа да го направи.

Претставата „Чорбаџи Теодос“ својата прва реприза ја има на 27 мај, од 20.00 часот.

Погледнете го разговорот со младиот режисер на врската што води до YouTube.