Денеска на Технички факултет во Битола реномираниот професор д-р Затко Димчовски , истражувач на ЦЕРН одржа предавање за актуелните сознанија за антиматеријата. Антиматериски протони се поефикасни во уништувањето на канцерогени клетки. Оваа посета ќе биде искористена за проширување на соработката со универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Постои можност канцерогените клетки да се третираат со енергија од протони и теоретска можност третманот да биде 100% поуспешен од тие што досега се користат како физички методи во акцелераторите. Ова денеска на своето предавање „Актуелни истражуавњеа и сознанија за антиматеријата и други актуелни истражувања во ЦЕРН како водечка светска лабораторија за нуклеарни истражувања “ го пренесе проф. Д-р Златко Димчовски, профеоср по нукеларна физика, вештачка интелигенција и биомедицина на универзитетите во Гренобл, Женева, Лозана, Лион и во Пенсилванија, истражувач во ЦЕРН.

Професор Д-р Златко Димчовски е чест и посакуван гостин на Техничкито факултет и на Универзитетот св. Клименто Охридски чиј почесен професор е , а денеска одржа предавање за актуелните истражувања и сознанија за антиматеријата.

Професор Димчовски денеска информираше и дека во истржауавњата кои се однесуваат на третманот на ракови клетки се надева дека ќе може да ги вклучи и студентите и професорите од Универзитетот. Потсети дека при една од неговите посети една од македонските влади ја прифатиле идејата да се формира центар за нуклеарни истражувања , кој сега е затворен заради неактивност.
Проф. Димчовски на македонската широка јавност и стана познат пред 15-тина години кога прв во државата ги објасна сите диолеми поврзани со Големиот хадронскиот колајдер и истражувањата на Хигсовите честички во епохалниот експеримент што се спроведуваше во Европскиот центар за нуклеарни истражувања ЦЕРН.












