ТЕРА

REKLAMA???

ЈП„СТРЕЖЕВО“ КОНЦЕСИОНЕР НА РИБОЛОВНАТА ЗОНА НА 12 ГОДИНИ

Јавното претпријатие „Стрежево“ следните 12 години ќе биде концесионер на риболовната зона Стрежево која се протега до грчка граница и се однесува на сите реки и потоци кадешто може да се лови риба. Денеска менаџерскиот тим ова го соопшти на прес конференција.

Јавното претпријатие “Стрежево” склучи Договор за користење на риби и други водни организми со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за период од 12 години,  информираше денеска м-е Вера Бешлиевска, директорка на ова големо водостопанско претпријатие во државата.

„Ја известуваме јавноста дека Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола склучи Договор со Владата односно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево” за период од 12 години. За разлика од претходно, се зголемува времетраењето од шест на дванаесет години и се однесува не само на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”, туку и на целото сливно подрачје од грчка граница до заштитната зона на самата акумулација. “ – рече директорката Бешлиевска.

Според новата риболовна основа,стрежево има и промени на порибителниот – рипките со кои ке ги порибуваат водите што ке ги управуваат, промена и на количините и видовите со кои ќе се порибува. 12-те години на претпријатето му овозможува стабилно планирање и долгорочно инвестициско одржување и адекватна реализација на преземените права и обврски, рече Бешливска.

„ Концесијата е особено значајна заради: -Правилно управување, користење и заштита на водите и рибниот фонд; -заштита на биoлошката разновидност (биодиверзитетот); -поттикнување и развој на рекреативниот и спортски риболов; и -заштитата на животната средина.“ – вели Бешлиевска.

Од ЈП Стрежево ги покануваат сите заинтересирани за рекреативен риболов да си  извадат дозволи од Управната зграда на Стрежево . Тие се и нова членка на на македонската риболовна федерација, па од Стрежево може да се изведат и државните риболовни дозволи. Со Договорот. Вели Бешлиевска, се е прецизирано.

„Со новиот договор се утврдуваат и цените коишто ги утврдивме на Управен одбор, годишната карта чини 1.200 денари, а дневната карта е 200 денари. “ -рече директорката.

Денеска Вера Бешливеска информираше и дека ловочуварската служба на ЈП „Стрежево“ ревносно си ја врши работата и дека во текот на изминатиот период во три наврати фатиле рибокрадци кои со мрежи сакале да уловат од рибите во акумулацијата. Обврската на Стрежево е да ги проследат до земјоделскиот инспекторат, а потоа сторителите се обврска на правосудните органи.