Цените на Црешите и јаготките не се со илјади туку со стотки, а другиот дел од пазарот е во границите на нормалата, за ова време. Музика, за добро расположение …
….и Ние, ТЕРА ТВ за анкета.
Оваа е година на локални избори. Од вчера во градот и на социјалните мрежи се вртат две имиња – актуелниот градоначалник како предлог на ВМРО-ДПМНЕ и еден од советниците на СДСМ.

Па запрашавме што мислат за втората кандидатура на Коњановски?
Второто анкетно прашање секако се однесуваше на Методија Илиевски, долгогодишен советник, поранешен подрачен министер за замјоделие во градот.

Без разлика кој ќе биде кандидат, градоначалникот како функција има одредени права, малку помпа, но и голема одговорност. Оттука, во време кога нема други имиња што се вртат како сигурни или можно кандидати, запрашавме што треба да направи градоначалник за да граѓаните се одлучат да го дадат својот глас, генерално.
Политичките субјекти веќе ги подготвуваат програмите, а кампањата – како стално, ќе биде трка на кандидат и на програма. Дали некои од темите веќе се знаат?
Одговорите на граѓаните, во прилогот подолу, што ве води до YouTube.












