ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШИ 44-ОТ МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

По 44 пат, во Старата битолска чаршија, на Платото пред Детското ликовно студио „Кирил и Методиј“ , беа додели наградите на најуспешните учесници на затворањето на годинешното издание на Малиот Битолски Монмартр.

Тие и започнаа со награди. Леа на свеченото отрворање доби награда од колонија во Јапонија од јапонската амбасадорка во Македонија. Ја нацрта својата баба којашто ја инспирира и едуцира.

По одлука на Жири комисија во име на градоначалникот на општина Битола, заменик градоначалникот Бојан Бојковски ја додели наградата за најдобро училиште – учесник на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр на ликовното ателје Артино од Белград , Србија.

Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола ја додели наградата „Најдобар учесник – ученик” на 44. Издание на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр на Ајпенур Карадениз од Ателјето на Професор Вејсел Аџар од Трабзон – Турција. Беа доделени и други поединечни награди, а на сите 150 учесници, односно на  учениците,
нивите професори и асистенти, им беа доделени дипломи за учество.

Организаторот е задоволен од овогодишната колонија.

Општина Битола, традиционално го поддржува Малиот Битолски Монмартр, на кој годинава учествуваа 150 гости со 18 делегации од 17 земји, меѓу кои и Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Русија и региони од Турција (Трабзон и Кајсери).

Повеќе во прилогот подолу што ве води до YouTube.