ТЕРА

REKLAMA???

ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СИНДИКАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА

Советот на синдикалната организација при Клиничката болница-Битола на вчерашната конститутивна седница со мнозинство гласови ја избра Елена Дивјакоска за претседателка на синдикалната организиција.

Изборот беше меѓу двајца кандидати за оваа функција во синдикатот, а како што соопшти Дивјакоска мандатот е пет годишен.

Дивјакоска е медицинска сестра акушерка со високо стручно образование. Таа е главна медицинска сестра на одделението за гинекологија.

Потврден синдикалец, долгогодишен член на извршниот одбор на синдиканата органзиација и претседателка на комисијата за набавки.

Таа исто така е предложена за член на Советот на самостојниот синдикат за здравство на Македонија.