Темата со јавните претпријатија, односно барањето на СДСМ на една друга претходна седница да бидат разрешени членовите на Управните и Надзорните одбори, се најде и на последната седница на Советот на Општина Битола. На говорницата се појави советникот Илиевски и истакна дека неколку мандати е тука, односно ова му е 12-та година и дека никогаш состојбата не била таква. Кажа за неговото големо искуство и со следната реченица ја промаши точката.
„Затоа сметаме дека сериозно дека треба да се разрешат управните и надзорните одбори“ рече Илиевски.
И ги повика, односно апелираше до колегите од ВМРО ДПМНЕ да гласаат и како што рече претријатијата да се вратат таму каде што му било местото. Рацете и главите беа некоја метафора во речникот на советникот, односно дека местото на тие членови им било во рацете на граѓаните и експетите. По рацете, се осврна и главата.
„И ќе размислуваме со главата на граѓаните и експертите, ќе ги разрешиме управните и надзорните одбори во спомнатите претпријатија“, вели Илиевски.
Кажа тој, но како да зборуваше на една друга, претоходна седница, оти на оваа немаше точка за разрешување.
Потоа со апелот до колегите истите да се изгласаат, па се наврати дека власта пробала низ правните лавиринти да направи политички маневр истите да не се изгласаат, и сето ова некако изгледаше како реплики споени во една од две различни седници. Рече фала и седна на местото.
А бидејќи претседателската на Советот свати дека Илиевски ги помеша точките, односно зборува за нешто од претходна седница, се обиде преку процедура да му укажи и нему, а со тоа и на јавноста.

„Би сакала процедурално да го поправам колегата Илиевски. Ние колега Илиевски ги имаме разрешено Управните и Надзорните одбори и таа одлука си е во сила. Правно се разрешени. Тоа што некој не ги објавил е друго дело. Ние носиме одлука за потврдување на истото“ рече Илиевска.
Така Илиевска му појасни на Илиевски.












