ТЕРА

REKLAMA???

8 ПРВИ МЕСТА ОСВОИЈА БИТОЛСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА РЕГИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ

Во Крушево се одржаа 20-те Регионални спртски игри на пензионери организирани од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а домаќин беше Здружението на пензионери-Крушево.

Учество зедоа здруженијата на пензионери од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен и од градот домаќин

Натпреварите беа во 11 споретски дисциплини, а Здружението на пензионери Битола освои 8 први места и тоа трчање на 80 м. мажи до 60 години, трчање на 80 м . мажи над 60 год, шах мажи, пикадо мажи, домино мажи, стрелаштво мажи, фудбал жени и кошарка мажи.

Здружениети им честиташе на победниците за освоените први места, со надеж дека достојно ќе го претстават здружението на Републичките спортски игри во Септември.

Екипен победник на регионалните спортските игри во третиот регион беше здружението на пензионери Битола и здружението на пензионери Прилеп со исти освоени први места и освоени бодови.