ТЕРА

REKLAMA???

ВО ТЕК Е БИТКА СО ВОЗРАСНИТЕ ФОРМИ НА КОМАРЦИ

Од неделата 1 јуни до в четврток 5 јуни во периодот од 21:00 до 04:00 часот, екипи на Центарот за јавно здравје, според соопштението ја спроведуваат првата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасни форми на комарци.

Со дезинсекцијата се опфаќаат зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до Општина Битола.

Третирањето се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило означено со ротационо светло.

Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Во текот на годината се спроведуваат шест третирања против комарците од кои три против ларвицдните форми и три против возрасните форми на комарци.