ТЕРА

REKLAMA???

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ГРАНТ ЗА РАЗВОЈ НА НОВИ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, официјално го потпишаа договорот за грант за развој на нови социјални услуги.

Преку проектот за подобрување на социјалните услуги поддржан од Светска Банка, Општинската организација на Црвен крст Битола и Општина Новаци, започнуваат со реализација на услугата Помош и нега во домот.

Општина Новаци е една од деветте општини во државата добитник на овој грант заедно со општините Гевгелија, Охрид, Шуто Оризари, Арачиново, Карпош, Могила, Ресен и Старо Нагоричани кои ќе започнат со воспоставување услуги како што се помош и нега во домот, дневни центри за стари лица и Центри за лица со попреченост.

Фокусот е на изградба на инклузивен и одржлив систем кој нуди конкретна поддршка за граѓаните – таму каде што им е најпотребна.

„Општина Новаци е горда што го имплементира проектот „Грижа и нега во домот“ – клучна иницијатива што обезбедува достоинствен живот за постарите и лицата со посебни потреби. Со обучени лица ќе се опслужуваат старите лица со персонализирана грижа, директно во нивните домови. Општина Новаци во континуитет се грижи за оваа категорија граѓани а оваа услуга претходно им беше достапна преку проектот Општинско корисна работа кој го спроведувавме се спроведуваше во соработка со Министерството за труд, АВРМ, ЦСР и УНДП. Продолжуваме со посветеност и конкретна акција за подобар живот за сите“ вели градоначалникот на Новаци, Стевановски.