ТЕРА

REKLAMA???

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОБИТНИЦИТЕ НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

Од Општина Битола денеска преку соопштение велат дека со цел транспарентност на постапката по Јавен повик за набавка на инвертер клима уреди и после дополнително спроведените контроли,  ги известува граѓаните дека, во периодот од 09.06.2025  (понеделник) од 7:30 часот до 13.06.2025 година  (петок) до 15:30 часот  на шалтерите при Општина Битола сите потенцијални добитници од прелиминарната листа потребно е да ги достават оригиналните фискални сметки.

Фискалните сметки треба да се достават во затворен плик со назнака:

За ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2025 година,

Име презиме на потенцијалниот добитник и реден број од Прелиминарната листа.

Комисијата ќе ги прифаќа само доставените оригинални фискални сметки и нивното доставување е услов за потенцијалните добитници да се најдат на Конечната листа.