Aвиокомпаниите се соочуваат со големи трошоци кои постојано со обидуваат да ги намалат. Најпрвин ги скусија оброците во авион, потоа ги скусија седиштата. Сега пак дебатираат околу стоиштата на кои се седи – стоечки.
Се сеќавате кога патувањето со авион беше најинтересното, најлуксузното и претставуваше најолемо уживање?
Во меѓувреме изумот со кој човекот може да се чувствува како птица стана најефикасниот начин на патување, и без разлика што се зборува за заштита на животната средина и против сите акции кои водат до аерозагадување – авиони шпартаат низ небото и , според големината на едно палење трошат гориво за 40.000 до 135.000 евра.
Тоа, минатото време подразбираше и дискриминација на жените по убавина, висина, и години. Сега веќе не. Подразбираше и понуда на неколку помали оброци, во некои компании подготвени од професионални кувари, а производите што се купуваа во авион имаа карактер на тие купени во фри-шоп. Денес и авионите како и се друго е поделено според цената што ја плакате – колку ќе платиш таква услуга ќе добиеш, па, уживајте ако некогаш во летот кој трае за малку повеќе од 2 часа добиете од светски најмалото пакување кикиритки.

Брзото време подразбира потреба за брз транспорт. Горивото е скапо, различните политички и здравствени проблеми во оваа прва четвртина од 21 век ги намалија патувањата, се нешто некој по дома останува. Па, авионските компании работат на нови изуми кои би ги довеле до поголема ефикасност и поедноставна заработка.
Неодамна на социјалните мрежи, а потоа и во неколку медиуми се појави информацијата дека Skyrider 2.0, развиен од италијански производител, е седиште во стил на велосипед, поместено првенствено за кратки, буџетски летови што им овозможува на патниците да се наведнуваат наместо целосно да седат. Овие седишта би можеле да бидат воведени веќе во 2026 година, потенцијално зголемувајќи го капацитетот на патниците за 20 проценти.

Додека буџетските авиокомпании ја истражуваат идејата, ниту еден голем авиопревозник официјално не се обврзал да ги користат. Концептот предизвика дебата – некои го гледаат како начин за намалување на цените на билетите, додека други се грижат за удобноста и безбедноста, особено за време на турбуленции.
Регулаторната сертификација останува голема пречка, бидејќи ниту еден воздухопловен орган (вклучувајќи ги EASA или FAA) не одобри вертикални или полустоечки седишта за комерцијална употреба.
Некои критичари тврдат дека стоечките седишта може да доведат до физичко оптоварување, особено за постарите патници или патниците со посебни потреби.
Засега, којзнае за што може да се искористат овие седишта, но тука се, некој ги измисли.












