Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, информира дека руската противвоздушна одбрана уништила девет украински дронови насочени кон главниот град околу 4 часот утрово, пренесува МИА.
Руската агенција за цивилна авијација Росавијација објави на Телеграм дека поради безбедносни причини се запрени полетувањата и слетувањата на аеродромите Внуково и Домодедово.
Итните служби биле испратени на местата каде паднале остатоци од соборените летала.












