ТЕРА

REKLAMA???

НАУМОВСКА: ОТИ НЕ ДОНЕСОВТЕ НЕКОЈ ШТО ЌЕ ДАДЕШЕ СРЕЌНА ИЗЈАВА

Советничката од СДСМ, Жаклина Наумовска во репликите со координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојкоски на седницата на Советот, зборуваше за како што рече несреќните изјави на администарацијата и побара во иднина општината да праќа луѓе што ќе даваат среќни изјави.  Се насмеа претседатеката на Советот, Илиевска.

А, потоа кажа и за тоа дека Коњановски е паметен.

„И во иднина покривајте ги луѓето, не ги пуштајте луѓето од општината администрација, како што многу вие овде сте загрижени кога зборувате, по вода што би рекле со политички жаргон. Даде тој несреќна изјава. Оти не дојсовте некој што ќе ни даеше среќна изјава. Или намерно го пуштивте него со несреќната изјава за денес Тони Коњановски да има со што да си го покрие пресот, оти паметен е тој, паметен е докторот. Значи паметен е. Штом завршил доктор паметен е. Тој знае дека ние нема да се сложиме со нешто што немаме информации како што треба. Чоекот е паметен, знаеше дека нема да се сложиме, оти знај дека не е во право, ама пиарот е пиар“ рече советничката од СДСМ.