ТЕРА

REKLAMA???

ПЕНТАГОН ИСПРАЌА ОКОЛУ 700 МАРИНЦИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер на американската администрација.

Околу 300 војници на калифорниската Национална гарда беа распоредени на улиците на Лос Анџелес во неделата за да помогнат во смирувањето на третиот ден од протестите против имиграциските мерки на претседателот Доналд Трамп, потег што демократскиот гувернер Гевин Њусом го нарече нелегален.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би го поддржал апсењето на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, поради наводното попречување на спроведувањето на имиграциските закони.

Изјавата доаѓа во контекст на протестите во државата кои го натераа претседателот да распореди припадници на Националната гарда во Лос Анџелес.