Универзитетот Св. „Климент Охридски“ од Битола во рамките на алијансата КОЛОРС оваа недела спроведува збир на нстани во кои се вклучени стручни лица – експерти од различни области кои говорат, презентираат, дебатираат во основа на определени состојби кои се појдовна точка за развој, за промена.

„Идејата на проектот КОЛОРС е во суштина на секој еден настан да биде вклучен целокупната заедница затоа што се она што е поврзано со функционирањето на заедницата го тангира и самиот универзитет. Токму затоа на колабораториумот е предвидено присуство на претставници од секој од т.н четири хеликси коишто се составен дел на овој проект, а тоа значи да има присутни од институциите од јавниот сектор како носители на одлуки и креатори на политики, после тоа да има пристуни од реалниот сектор односно бизнис заедницата, присутно од граѓанскиот сектор и не помалку важни иако ги кажувам како последни присутни од самиот универзитет, наставен кадар и студенти. После тоа имаме дополнителни активности, се размислува за тоа како може вакви те проблеми коишто претходно се елаборирале во овие два дена – да се најде некакво решение. Тука ги вклучуваме студентите. Тие како млада сила којашто се соочува со овие проблеми или ги чувствува последиците на ваквите проблеми дава иновативни решенија под водство на ментори и некаде крајот на октомври месец очекуваме да се случи, исто така во рамктие на проектот да се случи хакатон на којшто студентите ќе ги елаборираат пронајдените односно изумените решенија поврзани со проблемите коишто ќе бидат денеска отворени или прикажани дека треба да бидат решени. Станува збор за активност којашто се случува во неколку етапи и во којашто се вбројуваат поголем број на настани коишто се случуваат во еден одреден временски период. Ѕака, во текот на овие денови имаме реализација на два ко-лаб-ови коишто еден со друг не се меѓусебно поврзани, туку едноставно се случуваат на различни теми од кои е за зелена транзиција, а другиот се однесува на храната. “ – објасна проф. Д-р Мимоза Богданоска Јовановска.

За многубројните аспекти на одржливоста во производството, користењето и отпадот од храна, валоризација и валоризација во угостителски објејкти панелисти беа проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, проф.д-р Марија Србиноска, а онлајн се вклучија и професорите Јан Длугож, проф. д-р Малвина Војчик, од Полска, проф. д-р Фредерик Фортунел од Универзитет Леман,Франција и проф Карин Вендин од Универзитет во Кристијанштад – Шведска. Фрлањето храна не е во линија на одржливите цели на ОН, а ова е прилика да се добијат нови сознанија и да се подигне свесноста за проблемот, рече за медиумите проф. Д-р Даниела Никoловска Неделкоска од УКЛО.

Една третина од храната на нашите трпези завршува на отпад, вели проф. Николовска Неделкоска. Промени треба да има и во индустријата – производствените капацитети и во менталитетот на граѓанинот. И во домаќинствата, семејствата треба да имаат на ум домаќинско работење со планираање и иновативност.

Македонија не е на маргините на овој проблем, напротив го следи чекорот на светот. Банките за храна се еден од начините за правилно одговорно произведување и користење на ресурсите за храна кон здрав свет. A, активности може да се реализираат во секој од елементите поврзани во системите за храна – од производсниот, преку дистрибутивните системи, одржувањето во маркетите, одржување во семејствата, до потенцијалните донации или повторни користења.












