Енергетската транзиција и строго поставениот краен рок за декарбонизација на државите и намалениот јаглероден отпечаток беше дел од дискусијата што во рамки на УКЛО -КОЛОРС колаборативниот ден се зборуваше во студентскиот информативен центар. Од една страна се евопските директиви, од друга досегашните сеопфатни или плански активности кои државата ќе ја доведат до испплнување на прифатеното од европската зелена агенда.

Паметни политики -помалку дебати, повеќе резултати. Оваe слободна интерпретација на денешниот колаборативен форум на тема енергетска ефикасност или зелена или праведна транзиција, што се реализираше во студентскиоt информативен центар.

Загадувачи се многу – индустријата и граѓаните, по сезони и во к онтинуитет, наизменично се менуваат во балкански услови. 40% од вкупното загадување со СО2 и ПМ честички доаѓа од зградите, зборуваште денеска Илија Насов од бизнис секторот. Неговот претпријатие е вклучено во 12-тинаа развојно истражувачки и иноватнивни проекти на ЕУ.

Секојдневно границите поставени како рокови и проценти на емисија на СО2 се поместуваат кај земјите членки на Европската Унија и сите држави кои се обврзале за напуштање на фосилните горива – енергетска транзиција. Македонија, Државата нема технологија која може да ја замени базната енергија во целост, вели директорот на термоелектраната РЕК Битола Николче Наумчевски. Реалноста чука на врата најпрвин во РЕК Битола.

Претходните две изјави укажуваат на комплексноста на предизвикот со кој се соочуваат креаторите на политики од различни економии во светот, меѓу нив и Македонија. Неопходно е да се прават сеопфатни проекти. Македонија досега стихијно ги спроведуваше европските директиви, вели Илија Насов, Центар за плазма технологии „Плазма“ и Камел Солар.


Во делот на праведната транзиција значајно е да се има искпрен пристап и директно да се зборува, предизвикот е голем. Има проблеми и опасности, потребно е да се има многу вимателен пристап, вели Борче Димитровски, секретар на Општината.


Неколку општини се директно засегнати кога се зборува за РЕК Битола и РЕк Осломеј, во нив е и Битола. Освен стратегиите што како документи ги донесува градот е чекор понапред во енергетската ефикасност со подобрување на функционирањето на институциите и училиштата. Битола е единствената општина која ги направи форумите за праведна транзиција, а ваквиот тип на дискусија и соработка што овојпат е по иницијатива на УКЛО и КОЛОРС е насока кон отвореност и транспарентност во функција на помногубројни информации кои водат до позитивни сознанија.












