ТЕРА

REKLAMA???

СО ОКОЛУ 90 СТОЛПЧИЊА И 120 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ЌЕ БИДАТ ОЗНАЧЕНИ ПАТЕКИТЕ

Се постила „црвен килим“, вака го насловме овој прилог, а се однесува на велосипедските патеки во Нова Битола. Ова е видеото од денеска, како тоа изгледа некаде пред Педагошкиот факултет.

А, ова е видео од синоќа каде екипи на јавното препријатие „Паркинзи“ работеа на бележење на патеките.

Од после кружениот тек, односно од кај Педагошкиот факултет започна бележењето, а е долж улицата „Васко Карангелевски“, па на кај „Веро“ до кај другиот кружен тек, односно ќе се работи по делници.

Работите започна, а ова не е конечната слика како тие ќе изгледаат. Вечерва екипите продоложуваат со работа, сега црвената контура ќе треба да биде означена со надолжни рабни бели линии и ознаката за велосипедска патека.

Потоа и вертикалната сигнализација низ целата должина од околу 5 км,  90 столпчиња со над 120 сообраќајни знаци.

Овие велосипедски патеки многу време беа заглавени во битолскиот Совет. Власта сакаше да ги прави со парите од проектот „Smart4you2“, оние средства кои беа наменети за реконструкција на „Парк“, оти за таму не беа доволни по ковид пандемијата и економската криза кога пораснаа цените и општината предложи тие пари да се искористат за велосипеднките патеки. Но, левата страна во Советот со тоа ново мнозуинство од тогаш, рече не.

Дури и тогашниот евроамбасадор Гир дојде на една средба со нив. Но, зелено светло не даде Советот, а десната страна и градоначалникот ја обвинија левата страна дека се кочничари на развојот и идејата за поубава Битола.

Откако не успеаа да најдат заеднички јазик, како што наоѓале за многу други теми како на пример ребалансите, буџетите, програмите, амандманите за проекти развлечени со години, за ова не успеаа.

И така општината од сопствени средства ги почна велосипедските патеки. На 26 ноември ланската година градоначалникот на Битола објави дека започна нивното асфалтирање.

Реконструкцијата на постоечките тротоари на дел од ул.„Васко Карангелевски“ и ул. „Партизанска”, се одвиваше на следните делови: На ул. ”Васко Карангелевски” од десна страна, од кружниот тек кај „Педагошка” до кружен тек кај „Веро”, на дел од ул.„Партизанска“ од десна страна, од крстосницата со ул.„Тодор Паница“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“ и од лева страна од кружен тек кај „Веро“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“.