ТЕРА

REKLAMA???

„СТРЕЖЕВО“ ПОЧНА СО СРЕДБИ ЗА ПОДОБРА СЕЗОНА НА НАВОДНУВАЊЕ

Директорката на „Стрежево“ со вработени од претпријатието вчера одржале средби со жителите на селата Логоварди и Поешево, во рамките на сите активности што ги преземаат за што подобра сезона на наводнување на земјоделските површини, и за како што велат за сите предизвици со кои се среќаваат нивните корисници во делот на наводнувањето и за оперативност во однос на рационално искористување на водата.

Од претпријатието велат дека „Стрежево“ во оваа сезона влегува подготвено и очекува максимално партнерски и совесен однос од земјоделците – водокорисници.

И додаваат дека ваквите средби по другите населени места и непосредната соработка со земјоделците продолжуваат интензивно во периодот што претстои.

Фото: ЈП Стрежево