ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ПРАВАТ НАПОРИ ЗА СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА БЛОКОТ 3

Се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на Блок 3, ни рекоа од ЕСМ на нашето прашање за состојбата во РЕК Битола, кој од вчера не работи со ниту еден блок.

„Подготвителните активности за негово вклучување во електроенергетскиот систем се во тек. Овој термоблок претходно беше плански исклучен пред неколку дена поради намалената потреба од електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Во овој период, се вршат превентивни интервенции на дел од опремата.

По увидот на екипите од МВР, вчера започна санацијата на ормарот за електронско управување на Блок 2. Откако ќе заврши тој процес, Блок 2 ќе биде синхронизиран со електричната мрежа во најкус можен рок. Како што веќе информиравме, Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт. Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено. Ова се постигнува преку зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку купопродажба на енергија од Националниот оператор за пазар на електрична енергија (МЕМО)“  велат од ЕСМ.

Фото: Архива