ТЕРА

REKLAMA???

КРАТКА СРЕДБА СО ТРАМП НА САМИТОТ НА НАТО ВО ХАГ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, учествува во работата на Самитот којшто вчера и денеска се одржува во Хаг, Кралството Холандија.

Во состав на државната делегација предводена од претседателката се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Таа и министерот Муцунски имаа кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство. Остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко“ напиша Сиљановска-Давкова на својот Фејзбук профил.