Со затоплувањето на времето се одмрзнаа цените на зеленчукот, односно на зелните пазари се намалија дури и за половина од тоа што беa пред некој месец.

Но, не е е така сега со овошјето. Купувачите велат оган и паламен се, а продавачите согласни се дека се многу високи, но тоа не е до нив така ги набавувале и дури велат оделе со цени коi ќе бидат подостапни за купувачите.

Најпопуларни се черешните, но не како производ, туку заради цената која деновиве низ битолските пазари ја имаат, а стигнува и до 350 денари за килограм. На друго место ја имаше и за 300 денари охридската и 200 денари се черешните од преспанскиот регион.
Ги прашавме продавачите споредбено со лани, велат и повеќе од двојно се зголемени. Лани во овој период черешните се движеле од 70 до 120 денари.
Согласни се дека цените се многу високи на овошјето во овој период. Причината ја лоцираат во климатските услови, односно непогодите што го намалија родот.
Скапи се и јаготките, стигнуваат и до 280 и 300 денари. Исто така очи бодат и цените на кајсиите кои се продават од 160 до 180 денари.

Граѓаните, велат потрошувачите, купувале, но не по кило или две како некогаш.

И најскапото што го сретнавме на пазарот беа боровинките, дури 600 денари за килограм.











