ТЕРА

REKLAMA???

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЈА НАПУШТА КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ

Партијата на пензионерите ја напушта досегашната коалиција со СДСМ. На претстојните локални избори се очекува да настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јавуваат медиумите.

Според претседателот на партијата, Илија Николовски одлуката е донесена на барање на членството, бидејќи 90 отсто од нив се изјасниле дека сакаат да соработуваат со актуелната власт.

Николовски пак во изјава за „Телевизија 24“ вели дека Партијата на пензионерите е автентичен политички субјект кој идеолошки не е оптоварен и тоа им овозможувало да соработуваат со сите политички субјекти, затоа што кај нив немало идеологија, туку интерес.

„Интерес на пензионерите е да бидат со власта. Тоа што претседателот мисли тоа е друга работа, меѓутоа такво е расположението кај пензионерите. Два пати имаше усогласување на пензиите, два пати по 2500 денари. Успееа пензионерите да ги придобијат. Ние сега имаме прв пат во историјата да имаме просечна пензија да биде над 60 проценти во однос на просечната плата“ рече Николовски.