ТЕРА

REKLAMA???

СРЕДБА СО ГРУПА НЕЗАВИСНИ СОВЕТНИЦИ ЗА ПРОЦЕНТОТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средба со група независни советници кои ги оспоруваат измените на Изборниот законик што се однесуваат на бројот на потписи потребни за кандидирање на независни кандидати.

Според нив, актуелните измени на Изборниот законик, коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, ги доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес.

„Ја реафирмирав потребата од инклузивна постапка во функција на постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик, почитување на меѓународните изборни принципи, правила и добри практики, како и водење сметка за одлуките на Уставниот суд“ вели претседателката Сиљановска-Давкова.