Времето денеска претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе се движат од 33 до 43, во Битола до 40 степени.
Утре сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.













