Според информациите од Центарот за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07.2025 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои 8 се активни, 7 се под контрола, а 36 се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (опш. Прилеп), и Галиште, Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Општина Кичево – с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и Општина Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума).
Во изгаснатите пожари се и тие четирите во Битола и битолскo, с. Велушина, с. Меџитлија, во Битола на ул. „Игњат Атанасовски“ и во с. Српци.












