ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Во изминатите 24 часа до 8:00 часот утрово најмногу дожд 91 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, 68 Виница, 46 Берово, 27 Прилеп, 16 Тетово, 14 Штип, 13 Скопје-Петровец, 9 Битола, 7 Куманово, Крушево, 5 Демир Капија, 2 Претор.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.