ТЕРА

REKLAMA???

ДО КРАЈОТ НА АВГУСТ ЌЕ БИДАТ ПОЗНАТИ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено.

„Имаме уште неколку дилеми, во суштина сите се тие кандидати кои ќе имаат големи шанси, да не речам се победници на локалните избори, но имаме дилеми помеѓу неколкумина во одредени општини. Сега е сезона на годишни одмори, сакаме да направиме детална аналза и скенирање и во рамки  на општината во која ќе се кандидираат, кај граѓаните, но и во рамки на партиската структура. Тие анкетирања и скенирања на состојбата ќе ги направиме по 15-20 август така што при крај на август очекувајте да ги комплетираме списоците“, изјави Мицкоски.