ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА УТРОВО 16, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДО 31 СТЕПЕН

Во изминатите 24 часа до 8:00 часот утрово најмногу дожд 27 л/м2 наврнаа во Струмица, 24 Демир Капија, 20 Гевгелија, 14 Виница, 8 Штип, 7 Крива Паланка, 6 Прилеп, Куманово, Кавадарци, 5 Берово, 4 Битола, 3 Скопје-Петровец, 2 Велес, Крушево, Лазарополе, 1 Скопје- Зајчев Рид, Претор, Тополчани, Попова Шапка.

Утрово во Битола измерени 16 степени.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Во Битола до 31 степен.