Факултетот за безбедност е единица на Универзитетот св. КЛимент Охридски и годинава во три академски програми е подготвен да прими 270 нови студенти. Во тек е конкурсот за упис во прва година на битолскиот универзитет, пријавувањето може да се направи електронски, сега, а меѓу 19 и 27 август факултетуите ќе бидат отворени за прием на документите на тие кои се пријавиле електронски.
Современиот начин на живот носи со себе разни предизвици, закани и ризици кои се составен дел од развојот на човечкиот живот. Сведоци сме на големата експанзија на новите технологии, но и на вооружените конфликти во некои делови од светот и недостаток на храна и вода за пиење, ширење на разни болести, природни катастрофи, загадување на животната средина, зголемена стапка на организиран криминал, терористички закани итн. За справување со ваквите предизвици на современиот свет потребни се профили кои може брзо и ефикасно, а стручно да реагираат и да ги препознаат генераторите на проблемите во општеството, но и да спречат ескалација на одредени манифестации на незадоволство.
Тоа се професии кои се учат на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св. Климент Охридски, во Скопје.

Оваа година факултетот е отворен за 270 нови студенти кои би избрале една од четиригодишните академски студии и тоа студиска програма за Криминалистика, студиска програма за Безбедност и студиска програма за Криминологија и криминална политика.
На програмата Криминалистика има 40 отворени места за редовни студенти во државна квота, 100 за редовни студенти со платена школарина и 10 места за вонредни студенти.
На студиската програма Безбедност отвореи се 20 места за редовни студенти во државна квота, 40 места за редовни студенти со платена школарина и 10 за вонредни студенти.
На студиската програма Криминологија и криминална политика има 20 отворени места за редовни студенти во државнаљта квота, 25 за редовни студенти со школарина и 5 места се отворени за вонредни студенти.

Со дипломирањето на една од овие студисаки програми се добиваат 240 ЕКТС кредити, што е првиот предуслов за вклучување во вториот , а потоа и третиот циклус студии што ги овозможува овој Факултет. Според правилата и одлуките на Универзитетот Св. Климент Охридски, На втор циклус академски студии во времетраење од една година (60 европски кредити) може да се запише лице кое завршило прв циклус академски студии во траење од четри години (240 европски кредити). Кандидати кои завршиле соодветни академски студии од втор циклус, односно постдипломски студии од областа на општествените науки, имаат остварено минимум 300 европски кредити од првиот и вториот циклус на студии (додипломски и постдипломски студии) збирно, имаат еден од предусловите за упис и на докторски или трет циклус студии на Факултетот за безбедност при УКЛО.
Пријавувањето може да го реализирате електроснки, а од 19 до 27 август и да ги доставите сите документи во тврда копија. Факултетот за безбедност е правен наследник на Полициската академија и како организациска единица на Универзитетот од Битола.











