ТЕРА

REKLAMA???

ИНДИЕЦ ВОДЕЛ ЛАЖНА АМБАСАДА

Билтените на Министерството за внатрешни работи се исполнети со различни видови измами кои се спроведуваат овде. Но, индиската полиција се соочила со несекојдневна измама – Индиец водел лажна амбасада и се претставувал како амбасадор.

Како светот старее така се повеќе измамници има во него. Измамите очигледно ги има секаде, се реализираат на сите можни начии – директно, преку телефон, на интернет преку онлајн купувањето. И редовно вклучуваат противзаконска добивка која ја има измамникот, добивка која што и кај нас се брои со илјадници евра.

Индиски измамник успеа да измами десетици поединци и компании претставувајќи се како амбасадор на измислени микронации, Ладонија, Вестарктика, Себорга или Пулвија. Индиската агенција Индијан Експрес информираше дека полицијата кон крајот на месец јули уапсила 47-годишен Индиец кој водел лажна амбасада на измислени земји како „Себорга“ или „Вестарктика“. Обвинетиот изнајмил зграда во Газијабад, град во државата Утар Прадеш во Индија и се претставувал како амбасадор. Се претставувал како богат и добро поврзан дипломат, користејќи лажни документи, фалсификувани регистарски таблички и фиктивни странски врски за да ги измами своите жртви. А ветувал вработувања, бизнис, дури и увоз на нафта. По рацијата што ја спровела идиската специјалан полиција, пронајдени биле  четири автомобили со лажни дипломатски регистарски таблички, фалсификувани „дипломатски пасоши“ на 12 микронации, фалсификувани печати за 34 различни земји, 440.000 рупии (4.380 евра) во готово и колекција луксузни часовници. Лажниот амбасадор е осомничен за перење пари преку фиктивни компании во земји како што се Велика Британија, Маврициус, Дубаи и неколку африкански земји, објави  „Индијан експрес“.

Не е јасно колку долго работела лажната амбасада, веројатно од моментот кога било истакнато првото знаме на лажна микронација, првиот луксузен автомобил за дополнителен ефект и кога првпат луѓе кои не знаат географија и нации и имаат некаква потреба, поверувале.  Во обвинението, заедно со доказите, полицијата потенцира дека лажниов амбасадор „дрско ги истакнувал знамињата на лажни микронации како што се Ладонија, Вестертика или Себорга пред изнајмената куќа.“