ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈАТА РОТИРА ЗАБРЗАНО

Милијарди години ротацијата на планетата земја се забавува. но токму сега – таа забрзува. И постои можноста наместо 22 декември,  5 август 2025 г.  да е најкусиот ден во годината.

Земјата побрзо се врти и тоа ги збунува научниците кои веќе феноменот го дефинираат како мистериозен, иако на дланка ги имаат сите технолошки и научни методи сосе податоци од вселената околу нашата планета за да го дадат одговорот. Ротацијата ќе биде завршена за 1,25 милисекунди побрзо од вообичаено. Ние, луѓето од светот, нема да забележиме сега, туку подоцна.

Вообичаено, за најкраток ден на северната хемисфера ги мислиме 21 или 22 декември, што се совпаѓа со зимската краткоденица. На  21 или 22 јули ги пресметуваат на јужната хемисфера – што е точката во која хемисферата е најдалеку навалена од сонцето. Во тие случаи, сепак, влијае само бројот на часови дневна светлина, а не и времето потребно Земјата да направи целосна ротација околу својата оска.

Денот се мери од пладне до пладне, еднаков на 24 часа, или 86.400 секунди. Земјата патува во својата орбита околу сонцето додека ротира.  Toa e соларниот ден кој, според досегашите научни сознанија, е во директна врска со промените на Месечината. Додека орбитира околу Земјата, Месечината генерира триење, предизвикувајќи нејзиниот орбитален пат да се помести подалеку нанадвор. Додека го прави тоа, ротационата енергија на Земјата се пренесува на Месечината, што предизвикува забавување на ротацијата на Земјата – а со тоа и продолжување на деновите. Арно ама оваа сега забрзува.

Ако Месечината предизвикува краткорочни флуктуации во брзината на ротација на Земјата, основните причини за нејзината зголемена брзина на ротација во последниве години се помалку разбрани. Иако се сугерира дека глобалното затоплување може да има ефект, основната причина за забрзувањето е поверојатно да биде побавната ротација на течното јадро на Земјата, што предизвикува остатокот од планетата да се врти побрзо.

Во 2025 година има три датуми кога научниците предвидоа дека сончевиот ден на Земјата ќе биде пократок од 24 часа – 9 јули (1,23 милисекунди помалку од 24 часа), 22 јули (1,36 милисекунди) и 5 август. Сепак, најкраткиот досега бил 1,66 милисекунди помалку од 24 часа на 5 јули 2024 година.

Нема да ги забележите промените во ротацијата на Земјата на 5 август, но ако ситуацијата продолжи до 2029 година, би можела да се додаде таканаречена негативна престапна секунда – за прв пат досега.