Авионот со американскиот претседател Доналд Трамп слета во воена база во Алјаска на долгоочекуваниот самит со рускиот колега Владимир Путин, на кој се очекува да изврши притисок за прекин на војната на Москва во Украина.

Руските државни медиуми јавија дека рускиот претседател Владимир Путин пристигнал на Алјаска на средба со неговиот американски колега Доналд Трамп.

Претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа.

Путин на преговорите ќе биде придружуван од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот советник за надворешна политика Јуриј Уштаков.

Покрај Трамп, од американска страна ќе бидат присутни и државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.













