Во Битола во 14:00 часот беа измерени 31 стспен. Попладнево облачно и ветровите време.
До крајот на денот променливо облачно со услови за изолирана појава на умерена нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Утринската во Битола околу 15, а дневната до 30 степени.













