Преку новата песна на Чкембарите, „Битолска Крв (Ко вчера да беше)” повторно оживува силната врска меѓу музиката, градот и навивачкиот дух .
Песната ја опишува приказната на Чкембарите, од нивното формирање во 1985 година, па се до денес. Во неа се сплетени спомени, случки и емоции кои остануваат засекогаш впишани во душата на Битола. Текстот е на Коки и Дакун, музика и аранжман: Горан Мицевски Кус, вокал: Марјан Ѓакoвски.
„Битолска Крв” не е само песна, таа е музички манифест на припадност, љубов и сеќавање. Со неа се овековечуваат случките, генерациите и незаборавните моменти што го изградиле препознатливиот дух на Чкембарите.
Посветена на сите генерации што со гордост го носеле името на Чкембарите.













