Индустриското користење на DEM кодови со отворен код и научните достигнувања потребни за следната генерација на DEM симулација на проблеми од голем обем. ова е една од темите за кои денеска и утре реномирани научници разговараат во битола. Универзиетот Св. Климент Охридски е домаќин на научници и истражувачи, членови на европската COST акција. И ова соработка на Универзитетот е во насока кон развој на научно-истражувачкиот капацитет на укло и зголемената вклученост на студентите во проектите.

Истражувачите и научниците често имаат проблеми во нивната реализација, често се потребни консултации и соработки со широка палета на истражувања и експерти за идеите да станат вистина и тие на кои им се потребни решенија да имаат корисна алатка за своето секојдневие. Тоа е суштината на европската COST акцијата – интердисциплинарна истражувачка мрежа што ги здружува истражувачите и иноваторите да истражуваат тема по нивни избор. И годинава состанокот на COST се одржа во Битола. Посветени се на математички суштински решенија, а вмрежувањето што се остварува ќе помогне за проектите кои во иднина ќе ги реализираат професорите и студентите, вели ректорот на УКЛО проф.Д-р Игор Неделковски.

Обично составени од истражувачи од академијата, малите и средни претпријатија, јавни институции и други релевантни организации, оваа европски финансирана програма има за цел поедноставување на заедничките проекти, лесно наоѓање експерти, побрза дисеминација на резултатите.

Даниел Барето Гонзалес раководител на COST акциите информира дека се работи за мрежа од 300 научници, кои работат на 4 годишна програма – во тек е втората и дека на состанокот се зборува за активностите кои се насочени кон зближување на науката и индустриското производство за нивнот побрзо, поевтино и ригорозно ( како темелно и внимателно) работење.
Заклучоците и следните чекори ќе бидат познати по утрешното завршување на оваа средба.
Но, едно е познато – ова е уште една од можностите што ги нуди Универзитетот „Св. Климент Охридски “во насока кон развој на научно-истражувачкиот капацитет на УКЛО, зголемената вклученост на студентите во проектите а со цел лидер во промените во заедницата.












