ТЕРА

REKLAMA???

ДО СРЕДА ТРАЕ ПРВИОТ УПИСЕН РОК НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е во тек и трае до 27 август, среда.

Од универзитетот велат дека ова е вистински момент сите заинтересирани матуранти да направат чекор напред и да си обезбедат квалитетно образование во државна квота, со европски перспективи и современи услови за студирање.

УКЛО ги поканува сите кандидати кои сè уште ја разгледуваат својата академска иднина да не ја пропуштат оваа можност. Универзитетот нуди практичен пристап, современи студиски програми и поддршка за личен и професионален развој.

Преку членството во европската алијанса КОЛОРС, студентите добиваат пристап до мрежа од 9 универзитети со над 120.000 студенти, мобилности, избор на предмети од партнери од Европа и активно учество во европски образовни иницијативи.

На УКЛО на располагање се 1.199 места во државна квота, 675 места со кофинансирање и 444 места за вонредни студии.

 

Фото: УКЛО