ТЕРА

REKLAMA???

ЗА БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2025 ГОДИНА

Во текот на првото полугодие од 2025 година безбедносната состојба во Битола се оценува како поволна, рече Ристо Димовски, командир на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Битола на седницата на Комисиајта за бебедност.

На подрачјето на полициската станица од општа надлежност Битола во текот на првото полугодие од оваа година рече тој, направени се 105 прекршоци од 133 сторители. Поднесенени се 95 барања за поведување на прекршочна постапка.

Од прекршоците, според местото на извршување 83 се извршени во градот, а 12 во села. На улица и плоштад се извршени 73, во угостителски објекти 4 и 7 во други места. Командирот Димовски кажа и за старосната структура на сторителите.

Во однос на криминалитетот, имало 54 тешки кражби, 12 кражби, 5 разбојништва, телесна повреда-семејно насилство 14, насилство врз дете 15. Неовластено пуштање во употреба на наркотични дроги, прихотропни супстанци и прекурсори 58, загрозување на сигурноста семејно насилство 19, тешка телесна повреда 13.

Исто така беа презентирани и податовите за состојбата во патниот сообракај, при што беше кажано дека се случиле вкупно 100 сообраќајни незгоди

Во сообраќајни незгоди имало четири загинати лица. 76 од незгодите се случиле во населено место, а 24 на отворени патишта.